После победата над Летонија пред неколку дена, женската репрезентација на Македонија со убедлив пораз се враќа од гостувањето во Австрија. Домашната селекција на крајот постигна 10 гола во мрежата на нашата селекција, и така оствари убедлив триумф.
На полувремето беше 4-0, а во вториот дел уште шест „парчиња“. Била постигна „хет-трик“, два гола Фајрзингер, и по еден Задразил, Венингер, Дунст, Хобингер и Нашенвенг.
Австријките со оваа победа го освоија второто место и ќе игра во плеј-офот, додека Англија со 10 победи и без примен гол и 80 дадени се пласираше на СП.
Македонија ја заврши групата со две победи (двете против Летонија) и осум порази, со 10 постигнати и дури 62 примени гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА