Жените не се за фудбал – такви убави тела, а криви нозе…

Долгогодишниот претседател на Стеауа, Џиџи Бекали, се најде во центарот на вниманието со контроверзната изјава дека женските не треба да играат фудбал бидејќи не се создадени за таков спорт. Романскиот милионер ова го посочи како одговор на новинарско прашање што би се случило доколку се реализираат најавите дека УЕФА ќе инсистира водечките клубови ширум Европа да стартуваат и со проекти во женскиот фудбал.

Ако УЕФА јавно побара да формираме женски тим, јас во истиот момент ќе се откажам од фудбалот. Според мене, не треба да се оди против волјата на Господ. Еве јавно прашувам, како може жена да игра фудбал, кога не е создадена за таков спорт. Такви убави тела, а криви нозе, тоа не е добро за никого, тоа е против хуманоста. Жените се создадени да ги привлекуваат лицата од спротивниот пол. Ако веќе сакаат да спортуваат можат да играат одбојка или кошарка, но сигурно не агресивни спортови како фудбалот“ – изјави Бекали, навлекувајќи го бесот на пошироката јавност.

Џиџи Бекали два пати имаше неуспешни обиди да стане претседател на Романија, во 2004 и во 2009 година, а во кампањата во 2004 година жестоко говореше против хомосексуалноста, што потоа беше посочено како една од клучните причини за поразот на изборите.

Се вчитува...