Жените во Саудиска Арабија добија право – да гледаат фудбал на стадион!

Припадничките на понежниот пол во една од најконзервативните земји во светот, Саудиска Арабија, од вчера имаат право да гледаат фудбал на стадион. Досега тоа не им беше дозволено, но за првпат дел од нив се појавија на трибините на стадионот во Џеда и уживаа во следење на фудбалски натпревар. Тоа досега беше привилегија само за машката популација во оваа земја.

Тоа е најновата мерка во серијата реформи што треба Саудиска Арабија да ја приближи кон останатиот дел од светот. Во оваа насока, жените во Саудиска Арабија во јуни ќе добијат право да полагаат за возачка дозвола и потоа самостојно да управуваат со автомобилите.

 

Се вчитува...