Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби од Косово со 1-3 на првиот од двата предвидени пријателски натпревари на гостински терен.
На дуелот во Ѓаково, единствен стрелец за Македонија беше членката на Тиверија Струмица, Теодора Димоска.
Следниот тест дуел на Македонија и Косово е в недела, на 7. април. Двете селекции одигра претходно пријателски натпревари и во Скопје кои завршија со реми без голови и наш пораз од 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА