Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари во Букурешт против селекцијата на Романија. Избраничките на селекторот Астрит Мерко двата тест дуели против Романија ќе ги одиграат на 18. и 20. септември со почеток од 17:00 часот.
Селекторот Астрит Мерко за претстојните натпревари ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Берна Кабакчи (Берх, Холандија), Јана Луба Зврлеска (Скопје)
Одбрана: Александра Јовановска (Борец), Анида Идризи (Љуботен), Едина Сулејмани (АС Јунајтед), Ана Милчевска (Истатов), Викторија Недева (Истатов), Миа Головска (Скопје), Сара Евтинџиоска (Деспина), Дајана Ристовска (Саса Каменица);
Среден ред: Емира Мета (Варнамо, Шведска), Ера Стеблева (АС Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ангела Зафироска (Шкендија), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Брикена Шаќири (Шкендија), Александра Станисављевска (Речица),
Напад: Теа Божиновска (Скопје), Теодора Николовска (Тиверија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед), Бојана Петкова (Истатов), Стефанија Ристова (Интернационал);
Астрит Мерко, селектор на младата женска репрезентација на Македонија:
„На располагање го имам најдобриот состав за овие два контролни меча со Романија кои ќе бидат одлична подготовка за тоа што не очекува во октомври, квалификацискиот турнир во Белорусија. Овие млади фудбалерки имаат потенцијал и голема можност да направат успех во женскиот фудбал. Одиме чекор по чекор, прво да одиграме два натпревари против Романија, селекција која поседува квалитет, но се надевам дека ќе одиграме добар натпревар“, изјави Мерко.
Женската репрезентација на Македонија до 19 години во октомври ги очекува квалификациски турнир за пласман во елитната фаза кој ќе се одигра во Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА