Женска репрезентација исфрленa на улица, федерацијата не платила за сместување

Женската репрезентација на Конго до 20 години, доживеа голема непријатност.

Откако фудбалската федерација не им платила сместување, биле принудени да спијат на улица пред мечот против Камерун во рамките на квалификациите за СП.

Конгоанките загубиле 4:0 на првиот меч на својот терен, па отпатувале во Камерун на реваншот.

Несреќните девојки доживеаја пекол – исфрлени се од хотел и морале да спијат на улица. Освен тоа на улица се подготвувале за овој меч.

Поради тоа не изненадува дека се поразени 5:0 на реваншот од Камерун, и сега се чека ФИФА да се огласи по повод овој скандал.

Се вчитува...