Македонската женска А репрезентација на 24. и 27. октомври во Струмица ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Русија.
Двата натпревари се дел од подготовокитеза стартот на новите квалификации за ЕП.
На 4. ноември во Нион, Швајцарија, македонската женска репрезентација ќе ги дознае противничките селекции во групата од новите квалификации за пласман на Европско првенство.
Селекторот на нашата репрезентација, Александар Андов за контролните мечеви против Русија ќе смета на следните фудбалерки:
Голмани: Кристина Павловска (Машинац, Србија), Викторија Пачурова (Тиверија Брера);
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија Брера), Ане Бошевска (Тиверија Брера), Павлинка Николовска (Тиверија Брера), Ива Јовановска (Љуботен), Катерина Петкова (Истатов), Елена Панеска (Мура, Словенија), Бојана Петкова (Полонија, Полска), Христина Јошевска (Скопје);
Среден ред: Данче Карпузовска (Тиверија Брера), Рабиа Дервиши (Скопје), Хава Мустафа (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен), Симона Мајер (Макаби, Израел), Андреа Донева (Кочани), Ева Величкова (Љуботен), Билјана Панеска (Агиа Параскеви, Грција);
Напад: Јилза Максути (Грамши, Албанија), Кристина Петрушевска (Истатов), Меланија Гроздановска (Истатов), Јована Павловска (АС Јунајтед), Миа Голавска (СЦ Истатов).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

