Женската лига во ракомет ќе брои 15 екипи во новата натпреварувачка сезона, поделени во две групи кои во регуларниот дел од сезоната ќе играат дома – гости, почнувајќи од 18 септември. Астибо Штип и Феникс Битола се новите екипи во елитното друштво во женска ракометна конкуренција, кои ќе се приклучат на тимовите кои и лани беа дел од Женската лига.
Во групата А на денешната ждрепка се најдоа Куманово, Чаир, Деспина, Гевгелија, Пелистер, Шампион, Кузман Вардар и Феникс, додека во групата Б ќе се натпреваруваат: Вардар, Металург, Стружанка, Спартак, Овче Поле, Ѓорче Петров и Астибо.
Според пропозициите, најдобрите четири екипи ќе се пласираат во плејоф-завршницата која исто така ќе се игра во групен систем, додека останатите ќе играат во плеј-аут. Притоа, во новоформираните лиги ќе се пренесуваат бодовите од првиот дел од сезоната.
По извршената ждрепка, во првото коло од новата сезона ќе се сретнат: Феникс – Чаир, Шампион – Куманово, Пелистер – Гевгелија, Кузман Вардар – Деспина, Ѓорче Петров – Вардар, Металург – Спартак и Овче Поле – Астибо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА