Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по пауза од десет години повторно се врати на големите натпреварувања. Одбојкарките во еден неизвесен натпревар загубија од Египет со 3-1 по сетови (20-25, 25-11, 19-25 и 23-25) во 1. коло од турнирот на Медитеранските игри кои се одржуваат во Оран, Алжир.
„Црвено-жолтите“ девојки како во грч го почнаа натпреварот па им дозволија на противничките да го освојат првиот сет со 20-25. Во вториот сет нашите девојки заиграа одлично и успеаја да израмнат на 1-1 (25-11). Во третиот сет Египќанките повторно беа подобри (19-25), додека во четвртиот сет иако Македонија имаше предност, падна во финишот и го загуби со …
Второто коло на програмата е утре, а Македонија од 13 часот се среќава со репрезентацијата на Тунис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА