Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 18. до 26. септември ќе биде учесник на силниот меѓународен контролен турнир „Словенија Куп”. Избраниците на селекторот Астрит Мерко на овој силен турнир ќе одиграат три натпревари против квалитетни репрезентации на Словенија, Чешка и Португалија.
Младите фудбалерки на стартот на турнирот играат со домаќинот, селекцијата на Словенија. Овој натпреварот против домаќинот Словенија е закажан на 20. септември. Три дена подоцна, Македонија силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Чешка, a последниот натпревар го игра против Португалија на 26. септември. Сите три мечеви од овој турнир ќе ги одиграме во Крањска Гора.
Овој контролен турнир ќе биде последна проверка на нашите млади репрезентативки пред почетокот на самите квалификации во октомври во Ерменија.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко за претстојниот силен меѓународен турнир се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Кристина Павлоска (Шкендија), Мартина Сиљаноска (Атлетико)
Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Матеа Блажеска (Љуботен), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Рона Рустеми (Шкендија), Катарина Петкова (Истатов);
Средина: Сара Мена (Ас Јунајтед), Теодора Далчевска (Ас Јунајтед), Јована Павловска(Цевитана), Ива Јосифова (Тиверија), Миа Велинова (Скопје), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ариана Ајдари (Хомбург – Бротал, Германија), Никита Стојчевска (Шведска)
Напад: Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеса (Тиверија); Лора Сулејмани, (ПСО92 –Франција), Симона Меијер (Макаби хришконот Хадера).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА