Женската репрезентација на Македонија против Летонија и Косово во Лигата на нации

Денеска во Нион беше одржана ждребката за новото, второ издание на УЕФА Лигата на нации во женска категорија.

Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА за противници ги доби селекциите на Летонија и Косово во рамките на групата 6 од Ц сегментот.

Веднаш по самото извлекување, селекторот на Македонија, Александар Андов даде своја оценка за нашите следни противници, селекциите на Летонија и Косово.

-Морам да признаам дека добивме група по мерка. Се работи за противници кои ни се добро познати и со кои бевме во група во изминатите два циклуса. Мислам дека сега е вистинското време да го направиме тој чекор напред и да успееме да го освоиме толку посакуваното прво место во групата. Верувам дека можеме , умееме и имаме квалитет за такво нешто. Во следниот период се надевам дека ќе ги завршиме и преговорите околу пријателските натпревари што треба да ги одиграме и кои ќе претставуваат одлучна подготовка за предизвиците што ќе не очекуваат во новиот циклус од Лигата на нации“, рече Андов.

Се вчитува...