Женската репрезентација падна шест места на ФИФА листата

Македонската женска репрезентација по неуспешниот настап во Лигата на Нации, забележа пад за шест позиции, и сега е 135. светска селекција.

Македонските фудбалерки во ноември и почетокот на декември доживеаја порази од Косово, а во дуелите со Бугарија еднаш загубија, а вториот пат ремизираа, со што придонесе за овој пад.

Со тоа фудбалерките 2023 годниа ја завршуваат со 1.085.24 бодови, или 8.11 помалку во однос на претходниот ранкинг. Актуелниот светски првак Шпанија за првпат во историјата е водечка на ФИФА листата.

Се вчитува...