Со двете победи во сингл мечевите македонските тенисерки ја навестија втората победа во групата во Ларнака на мечевите од Втората Евроафриканската зона и со тоа го поврдија второто место во групата.По триумфот во двојки Македонија дојде до максимални 3-0 над Косово.
Во првиот меч за нешто помалку од два часа игра Магдалена Стоилковска ја совлада Веса Ѓинај со 2-1 во сетови (2-6 6-4 6-2), додека во вториот меч Лина Ѓорческа беше убедлива против Форта Морина со 2-0 во сетови (6-1 6-0).
Во конкуренција на двојки во третиот меч за Македонија Јана Божиновска и Ана Митевска ги совладаа Аја Броки и Адријана Лекај со 2-0 во сетови (6-3 и 7-5).
Македонија во рамки на групата Ц го освои второто место со скор (2-1 победи-порази), додека Норвешка која денеска ја совлада Јужна Африка има скор 3-0. Јужна Африка е трета со скор 1-2, а Косово е на последното место со скор 0-3.
За македонската репрезентација остануваат да се одиграат уште два меча во разигрувањето за конечен пласман, каде ќе игра против второпласираните селекции од другите две групи. Во групата А тоа е селекцијата на Египет, која загуби од Бугарија, додека во групата Б не е познат конечниот пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА