После поразот од Луксембург на домашен терен, женската репрезентација на Македонија загуби и на гостувањето кај оваа селекција со 2-1. Со тоа оваа селекција остана само со една победа (над Летонија) во осум одиграни натпревари во квалификациите, и без шанси да се избегне претпоследното место на табелата во моментов.
И покрај водството уште во првата минута со голот на Рочи, Томпсон беше „кобна“ за нашата селекција. Репрезентативката на Луксембург до крајот на полувремето постигна два гола, во 28. минута и во судиското надоплнување од првиот дел, за пресврт, што беше и конечен резултат на натпреварот.
За македонската селекција остануваат уште два натпревари против Летонија дома, и против Австрија на гости, мечеви кои ќе се играат во септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА