Женската репрезентација У-19 против Велс, Молдавија и Литванија во Лигата на Нации

Македонската женска репрезентација до 19 години, ги доби противниците за новата сезона во Б – дивизијата во Лигата на нации.

Жрепката одлучи македонските фудбалерки да бидат дел од групата Б1 заедно со Велс, Молдавија и Литванија. Домаќин на идното ЕП ќе биде токму Литванија.

Според пропозициите, првопласираните репрезентации во шесте групи, како и најдобро рангираната второпласирана селекција во квалификациите, ќе се преселат во А – дивизијата за сезоната 2024/25.

Се вчитува...