Женската селекција без селекторот Изов ги почна подготовките за квалификацискиот меч со Казахстан

Женската репрезентација на Македонија од денеска е на собир во пресрет на последниот натпревар од циклусот квалификации за Европско првенство 2020 против Казахстан кој ќе се игра на 27. ноември во Алмати.

Репрезентацијата нема да биде предводена од селекторот Кирил Изов кој на првото контролно тестирање за Ковид-19 доби позитивен тест, заедно со уште три стандардни првотимки. Па, во негово отсуство репрезентацијата на гостувањето во Казахстан ќе ја водат неговите помошници Ферди Исмаили, Александар Андов и Тања Крстевска.

„Атмосферата во репрезенатцијата е одлична, сите сме многу расположени и мотивирани за натпреварот против Казахстан и се надеваме дека на Македонија ќе и донесеме радост и победа. На овој собир за овој претстоен натпревар со нас се и нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, како и Гентијана Рочи. Се надевам дека со нивна помош и максимално залагање од страна на целата репрезентација ќе успееме да ги донесеме тие три бода и победа за Македонија“ – изјави пред првиот собир Елма Шемшовиќ.

Слично е размислувањето и на Ане Бошеска.

„Навистина сме мотивирани од успехот на машката репрезентација која за прв пат во историјата успеа да ја однесе Македонија на Европско првенство. Сите во репрезентацијата се чувствуваме добро. Искрено се надевам дека од Казахстан ќе се вратиме со победа, која би ја посветиле на селекторот и нашите  неколку репрезентативки кои пред собирот добија позитивни резултати на Ковид тестирањето“ – вели Бошеска.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАТПРЕВАР СО КАЗАХСТАН:

Голмани: Магдалена Лекоска (ЖФК СЦ Истатов), Колевска Верица (ЖФК Деспина)

Одбрана: Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (ЖФК Скопје 2014), Гегова Драгана (ЖФК Скопје 2014), Ана Милчевска (ЖФК Истатов), Синдис Положани (Ас Јунајтед), Маја Ангеловска (НК Крим-Словенија), Сара Коларовска (ЖФК Скопје), Даниела Велеска (ЖФК Деспина), Јулија Живиќ (ЖФК Љуботен),

Среден ред: Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Катерина Милеска (ЖФК Деспина), Наташа Андонова (Леванте), Сара Хусеин (ЖФК Истатов), Елма Шемсовиќ (ЖФК Скопје 2014), Сара Велкова (ЖФК Тиверија), Теодора Николовска (ЖФК Тиверија)

Напад: Теодора Димоска (ЖФК Тиверија), Гентјана Рочи (Купс-Финска), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Кристина Петрушевска (ЖФК Истатов).

Се вчитува...