Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 4. до 10. април ќе биде домаќин на УЕФА квалификациски турнир од втората рунда во Лига Б.
Во рамките на групата Б1, младата селекција на Македонија ќе одигра три квалификациски натпревари против соодветните селекции на Израел, Грузија и Гибралтар.
Избраничките на селекторот Астрит Мерко, натпреварите ќе ги одиграат на тренинг-центарот „Петар Милошевски”.
Во првото коло играме со Грузија на 4. април во 13 часот. Три дена подоцна на програмата е второто коло, во кое се соочуваме со селекцијата на Гибралтар, во 13 часот. На 10. април, во исто време, во последното коло силите ќе ги одмериме со Израел.
Младата репрезентација на Македонија денеска во Кичево официјално ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Берна Кабакчи (Елдениа, Холандија), Кристина Павлоска (Шкендија);
Одбрана: Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Миа Головска (Скопје), Дајана Ристоска (Каменица), Матеа Блажеска (Скопје), Ефимија Цунева (Тиверија);
Среден ред: Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ера Стеблевa (Ас Јунајтед), Сара Мена (Ас Јунајтед), Михаела Настовска (Ас Јунајтед);
Напад: Симона Мајеер (Кул), Еда Далипи (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (Гпсо 92, Франција), Билјана Панеска (Тиверија), Веса Села (Ас Јунајтед), Јехона Велиу (Грасхопер, Швајцарија);
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА