Младата женска репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина.
Контролните натпревари со Босна и Херцеговина ќе бидат одиграни во Требиње. Првата контролна пресметка меѓу двете селекции е закажана на 31. мај со почеток во 18 часот. Вториот контролен дуел ќе биде одигран на 2. јуни со почеток во 10 часот.
Репрезентацијата предводена од селекторот Астрит Мерко во септември ја очекуваат квалификациите од Лигата А за пласман Европско првенство. Извлекувањето на групите ќе биде одржано на 7. јуни во Нион, Швајцарија.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко за претстојните предизвици се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Миа Петровска Бохум, Германија
Ведрана Комненова Скопје
ОДБРАНА:
Катерина Петкова Истатов
Слаѓана Ѓорѓиева Тиверија
Ева Конева Истатов
Ива Јованоска Љуботен
Кристина Крстева Скопје
Ангела Димчова Цевитана
Мила Панева Скопје
СРЕДЕН РЕД:
Јована Павловска Цевитана
Ива Јосифова Тиверија
Стефанија Веселинова Каменица
Никица Трендова Скопје
Анастасија Илиевска Топ Гол
Елена Симјанова Љуботен
Росана Китаноска Љуботен
Мелиса Димитриоска Атлетико
НАПАД:
Ева Андонова Каменица
Ана Боризоска Речица
Емилија Митковска Речица
Леонора Велковска Атлетико
Теодора Настова Скопје
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА