Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 19. до 23. август, под водство на селекторот Астрит Мерко ќе одработи тренинг камп, на кој фудбалерките ќе се подготвуваат за престојните предизвици што ги очекуваат.
Тренинг кампот во Кнежино ќе биде искористен и да се провери моменталната форма на фудбалерките, пред силниот меѓународен контролен турнир „Словенија Куп“ на кој ќе учествуваат од 16. до 26. септември.
Овој контролен турнир ќе биде последна проверка на нашите млади репрезентативки пред почетокот на самите квалификации. Квалификациите на младата селекција на Македонија до 19 години ќе започнат на 20. октомври, во Ерменија.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Астрит Мерко, за овој тренинг камп се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Кристина Павлоска (Шкендија), Мартина Силјаноска (Атлетико);
Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Матеа Блажеска (Љуботен), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Рона Рустеми (Шкендија), Дарија Стојческа (Топ Гол), Катарина Петкова (Истатов);
Средина: Сара Мена (Ас Јунајтед), Михаела Настовска (Цевитана), Теодора Далчевска (Ас Јунајтед), Анастасија Илиевска (Цевитана), Јована Павловска (Цевитана), Мелиса Димитроска (Атлетико), Ива Јосифова (Тиверија), Миа Велинова (Скопје), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ариана Ајдари (Хомбург – Бротал, Германија), Надица Гелева (Кочани);
Напад: Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеса (Тиверија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА