Женската селекција на силен меѓународен турнир во Италија

Македонската женска репрезентација до 17 години од 28. април до 01. мај во италијански Градо ќе учествува на силен меѓународен турнир во група со репрезентациите на Италија, Јапонија и Русија. На турнирот „DELLE NAZIONI 2019“ учествуваат осум репрезентации поделени во две групи. Словенија, Мексико, Северна Кореја и Норвешка се селециите во втората група.

Првиот натпревар Македонија го игра на 28. април (недела) од 18 часот против Русија, ден подоцна, исто така со почеток во 18 часот е дуелот против домашната селекција на Италија, а на 1. мај (среда) натпреварот со Јапонија, исто така од 18 часот.

Селекторот на нашата женска репрезентација до 17 години, Астрит Мерко за натпреварите во Италија ќе смета на следните фудбалерки:

Марија Ничевска (Љуботен), Сара Исајлоска (Љуботен), Елена Панеска (СЦ Истатов), Теодора Јанковска (Топ Гол), Сара Цветковска (Атлетико), Елена Бошкоска (Прилеп), Сара Велкова (Тиверија), Стефани Петревска (Каменица Саса), Габриела Гелевска (Топ Гол), Белма Бејтовиќ (Ст. Гален, Швајцарија), Деспина Пауновиќ (Љуботен), Ана Апостолова (Кочани), Марта Илиеска (АС Јунајтед), Анастасија Маринковска (Каменица Саса), Роберта Антовска (Речица), Ана Јавашева (Борец), Ана Нешковска (Топ Гол), Андреа Миленкова (Топ Гол), Македонка Размовска (Топ Гол), Елена Наумческа (Љуботен).

Се вчитува...