Женската селекција, „оптоварена“ и со Ковид-19, на мегдан против Франција

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ги продолжува квалификациите за Европското првенство со натпреварот против апсолутниот фаворит во групата Франција кој од 21 часот не очекува на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Избраничките на селекторот Кирил Изов се апсолутен аутсајдер пред пресметката, посебно и ако се знае дека репрезентацијата ќе биде без капитенот Наташа Андонова и напаѓачот Гентијана Рочи кои од порано отпаднаа поради повреди, а на само еден ден пред дуелот беа променети дури седум репрезентативки поради позитивни тестови на Ковид-19.

Македонија по пет одиграни натпревари во групата е на 4. место со само три бода, една победа против Казахстан и четири порази.

 

Се вчитува...