Македонската женска сениорска репрезентација ги стартуваше подготовките за почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
Селекторот Владимир Ѓоровиќ, заедно со Срѓан Дамњановски, го реализираа првиот собир со сениорките на стартот од подготовките. Репрезентацијата ќе биде комплетирана престојниов викенд по приклучувањето и на интернационалките.
Репрезентативките, на стартот од квалификациите следната недела, најпрво се среќаваат со Германија на 14. ноември во гости, а три дена подоцна (17. ноември) следи дуелот со Летонија на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА