Женската тениска репрезентација поразена од Египет

Македонската женска тениска репрезентација е поразена од Египет во групата во Ларнака, на мечевите од Втората Евроафриканска зона. После двата сингл меча, беше 2-0 за Египет откако беа поразени Стоилковска и Ѓорческа.

Во првиот меч, Магдалена Стоилковска загуби со 2-1 во сетови (0-6, 6-3, 0-6) од Хана Хосам Салах.

Лина Ѓорческа мораше да победи за да ги задржи шансите за победа. Добро тргна, водеше 1-0 во сетови против Ламиз Алхусеин Абдел Азиз, и губеше во вториот сет 4-1, меѓутоа мораше да го предаде мечот поради повреда.

Во дубл играат Јана Божиновска и Ана Митевска против Мохамед Бадви и Ламиз Алхусеин.

Се вчитува...