Женскиот ракомет се враќа „во шема“: Вардар на мегдан со Мец

Ракометарките на Вардар по неколкумесечна пауза се враќаат на обврските во Лигата на шампионите, па денеска со почеток во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат тимот на Мец. „Црвено-црните“ влегуваат со максимален ефект во главната рунда од ЛШ, пренесувајќи осум бода пред Мец (шест), Ференцварош и Будуќност (по четири), Битигхајм (два) и Трингер (без бодови). Сепак, на „вардарки“ им е јасно дека главните предизвици стартуваат токму со денешниот дуел со Мец, екипа што и лани се покажа како незгоден ривал за македонскиот првак.

После малку подолга пауза почнуваме со главната фаза од лигата на шампионите. На почеток ни доаѓа екипа која на секоја позиција има по два одлични играчи, играчи кои освоија светско првенство. Но, подготвени сме. Го гледавме Мец и не ни недостига мотивација да направиме исчекор повеќе од лани. Верувам во својата екипа и дека клучот лежи во добра одбрана, сигурна сум дека и нашите голмани Амандин Лејно и Ина Суслина ќе бидат одлични како и секогаш. Против нив е важно да имаме малку технички грешки, зашто се екипа која играат во сите можни зони“, вели Јованка Радичевиќ.

Само за потсетување, Вардар се сретна со Мец и во текот на ланската сезона, кога „црвено-црните“ славеа во Скопје со минимални 23-21, за потоа да доживеат вистински дебакл на гостувањето во Франција, губејќи со 42-28.

 

 

 

Се вчитува...