Женското финале во Купот меѓу Љуботен и Тиверија ќе се игра на 14. мај на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Финалето од Купот на Македонија за жени меѓу Љуботен и Тиверија Брера ќе се одигра во среда (14. мај), со почеток во 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Натпреварот ќе се пренесува во живо на МТВ 3, а влезот за сите љубители на фудбалот ќе биде бесплатен.

За трофејот ќе се борат ЖФК Љуботен и ЖФК Тиверија Брера, две екипи кои доминираа во натпреварувањето оваа сезона.

ЖФК Љуботен ќе се бори за своја трета титула во Купот откако претходно ги освои трофеите во сезоните 2022/23 и 2023/24. Тимот од Тетово секогаш кога се пласирал во финале, ја освојувал титулата.

ЖФК Тиверија Брера се Куп победнички во 2017/18, а финалисти во сезоните 2016/17 и 2018/19.

Патот до финалето – сезона 2024/25:

ЖФК Тиверија Брера

1/8 финале: Тиверија Брера – Билјанини Извори 21-0

1/4 финале: Тиверија Брера – Атлетико 5-0

1/2 финале: Тиверија Брера – Скопје 2014 1-0

ЖФК Љуботен

1/8 финале: Љуботен – Порече 2025 21-0

1/4 финале: Љуботен – Вардар 2023 8-0

1/2 финале: Љуботен – Каменица Саса 2-0

Се вчитува...