Шпанскиот интернационалец Жерар Делофеу од Евертон ќе се пресели на позајмица во Милан, информираат медиумите на Апенините. Тој утре треба да ги мине медицинските прегледи и да се приклучи на „росонерите“ како позајмен играч во наредните шест месеци.
За оваа позајмица Милан ќе му плати на Евертон сума од 750.000 евра, а двата клуба се уште преговараат за можноста за понатамошно откупување на договорот на Делофеу. Засега Евертон не е заинтересиран за комплетна продажба на крилниот играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА