Жерар Делофеу желба на Наполи и на Интер

Наполи и Интер се во трка за потписот на крилото на Барселона, Жерар Делофеу, и во јануарскиот преоден рок ќе се обидат да го доведат на позајмица. Фудбалерот  на лидерот во Примера може да го напушти „Камп ноу“ само шест месеци откако се врати назад од редовите на Евертон.

Делофеу не е задоволен  од својата улога во екипата, се надеваше дека ќе има поголемо влијание по неговото враќање, но и повредата на Oсман Дембеле не му отвори повеќе простор за настап и зацврстување на својот статус во првиот тим. Шпанецот сака да биде стартер на секој меч, но очигледно дека така не мисли тренерот Ернесто Валверде.

Иако стартуваше на последните пет меча во домашното првенство, јасно е дека со опоравувањето на рекордното засилување на Барса, Деулофеу одново ќе се пресели на клупата, па затоа му одговара да замине на нова позајмица во Италија.

23-годишниот фудбалер одигра солидна полусезона на минатиот ангажман во Серија А, во дресот на Милан постигна четири погодоци и забележа три асистенции на 17 натпревари.

Се вчитува...