Жерар Деулофеу ќе биде првото засилување на Барселона за следната натпреварувачка сезона. Како што информира весникот „Ел Мундо Депортиво“, раководството на Барселона веќе донело одлука да ја искористи клаузулата за да го врати талентираниот офанзивец назад на „Камп ноу“ за сума од 12 милиони евра. Добрите игри на Деулофеу за Милан придонесоа неговата вредност на пазарот да скокне, а по голот за Шпанија на пријателскиот меч со Франција каталонците се убедени дека дури и доколку овој фудбалер не се наметне кај новиот тренер, тој потоа лесно ќе биде продаден за сума повисока од овие 12 милиони евра.
23-Годишниот Шпанец имаше очаен период во тимот на Евертон, каде беше во немилост на Роналд Куман. Ситуацијата целосно се промени откако му беше дозволено да замине на шестмесечна позајмица во Милан, каде Деулофеу експресно се наметна како еден од лидерите на подмладениот состав на „росонерите“. Раководството на италијанскиот клуб не ја крие желбата целосно да го откупи договорот со Евертон, но тоа нема да биде возможно откако Барса реши да ја искористи клаузулата за да го врати своето „дете“ назад на „Камп ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА