Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, би можел на лето да го напушти „Камп Ноу“ и да се пресели повторно во Премиер – лигата. Тој во минатото беше член на Манчестер јунајтед, но сега би можел да го засили Челси. А причината е семејна, неговата сопруга, познатата пејачка Шакира го притиска да ја напуштат Каталонија и да се преселат во Лондон. Како што открива шпанскиот „Дон Балон“, на Шакира и здодеал животот во Барселона, потребна и е промена, а смета дека Лондон е многу подобра оција за нејзината музичка кариера.
Доколку Жерар Пике одлучи да ја послуша својата сопруга, тогаш може да се очекува веќе по завршувањето на сезоната да побара трансфер, а секако дека Челси и Антонио Конте не би имале ништо против да го видат во своите редови. Во Лондон е и неговиот голем пријател Цеск Фабрегас, па тоа би можело да биде и пресудно за тој да одлучи да си замине од „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА