Уште повеќе се вжештија страстите во финишот од првото полувреме меѓу Барселона и Реал Мадрид, па каталонците во судиското продолжение останаа без помошта на Серхио Роберто, кој заработи црвен картон.
Тензично стана по конфликтот меѓу Рамос и Суарез, потоа пожолте и Меси, за ситуацијата да кулминира со црвениот картон на Роберто, кој за момент загуби глава и го удри без топка Марсело.
Барса се наоѓа во незавидна ситуација, во обид да ја задржи серијата на непобедливост што трае уште од почетокот на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА