Пелистер не тргна најдобро во пролетниот дел од првенството, а репрезентативната пауза беше повеќе од добредојдена за Наџи Шенсои и неговите фудбалери, по низата од два последователни порази. Аспирациите за излез во Европа и понатаму се главната цел на битолскиот прволигаш, и токму затоа денешното гостување на Чаир и дуелот со Шкупи е од исклучително значење. Евентуално ново губење на бодови би ја продлабочило кризата и најверојатно ќе придонесе за разделба со тренерот Шенсои.
Сепак, „зелените“ се максимално мотивирани да дојдат на Чаир и да ги освојат трите бода.
„Веруваме во успех на Чаир, иако секако не очекува еден многу тежок натпревар“, порачуваат „пелистерци“.
Проблем за битолчани е што ниту Шкупи не се наоѓа во комфорна ситуација на табелата. Тимот од Чаир е на седмата позиција со 22 бода, само два повеќе од Победа, која е во загрозената зона. Чаирчани исто така посакуваат цел плен од денешниот дуел, за да испливаат кон средишниот дел од табелата.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО (15 ЧАСОТ)
ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
СИЛЕКС – РЕНОВА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА