На нешто повеќе од 24 часа пред Суперкупот на Европа, покрај пеколните температури почнува да се загрева и фудбалската атмосфера во Скопје, во исчекување на „војната на џиновите“ Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Во просторот на фан-зоната во центарот на градот и покрај температурите од над 40 степени имаше стотина фанови, бројка што се очекува уште повеќе да порасне во следните часови.
Пристигнувањето на англиските и шпанските фанови е најавено дел за денеска, а дел за утрешниот ден, кога се очекува Скопје да добие вистински навивачки декор, со илјадници фанови во центарот и во близина на стадионот. Едно е јасно, кога станува збор за врвен фудбал, тогаш и пеколните температури не можат да ги спречат фановите да уживаат во најважната споредна работа на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА