„Жешко“ е во Истанбул: Мане донесе пресврт, Челси веднаш израмни

Ниту 90 минути игра не беа доволни за Ливерпул и Челси да стигнат до победата на Супер-купот на Европа во Истанбул, а крајно возбудливо е во првото продолжение од 15 минути.

Садио Мане повторно блесна, и тоа повторно на асистенција на Роберто Фирмино, па со силен удар под гредата го доведе Ливерпул во водство. Сепак, радоста на „црвените“ траеше само неколку минути, откако Челси успеа да израмни од пенал.

Адријан го фаулираше Абрахам во сопствениот петерец, по што Жоржињо мајсторски изведен удар од 11 метри израмни на 2-2.

Се вчитува...