Жестока казна: Челси и Вест Хем ќе платат над 700.000 евра

Минаа дваесетина дена од бурната завршница на дуелот Челси – Вест Хем, кој го одбележа голем инцидент откако Адама Траооре и Марк Кукурелја се фатија за врат, а Мавропанос доби црвен картон за удирање на противнички фудбалер.

Во инцидентот учествуваа петнаесетина фудбалери на двата тима, но никој не очекуваше ФА така драстично да ги санкционира лондонските премиерлигаши, кои вкупно ќе платат повеќе од 700.000 евра „неконтролирање на своите фудбалери“.

Челси како домаќин ќе треба да плати 372.000 евра за своето учество во срамните сцени, Вест Хем ќе треба да издвои 344.000 евра. Воедно, против тројца фудбалери на Челси е покрената дополнителна истрага поради провокации упатени кон трибините, ако се знае дека целиот инцидент се случи пред навивачите на Вест Хем.

Се вчитува...