Раководството на кошаркарската Евролига му одреди жестока казна на претседателот на шесткратниот европски првак, Димитрис Јанакопулос. Првиот човек на грчкиот гигант во следните 12 месеци не смее да присуствува на ниту еден меч во елитното натпреварување.
Контроверзниот Јанакопулос во последно време упати жестоки критики за судењето во Евролигата, најчесто со вокабулар кој не прилега на функционер на еден голем клуб. Раководителите на најквалитетното клупско првенство на Стариот континент посочија дека Јанакопулос ја нарушува хармонијата која владее меѓу клубовите во одбраното друштво.
Како што јавуваат грчките медиуми, сега ПАО се заканува со истапување од елитното европско натпреварување доколку жалбата што ќе биде поднесена не биде прифатена
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА