Жестока казна за судиите кои ја донесоа најлошата ВАР одлука во историјата на фудбалот

Полската федерација реагираше и ги суспендираше судиите Павел Малек и Даниел Стефански поради одлуката на ВАР да му поништи погодок на шведскиот фудбалер Александар Исек. ВАР собата направи катастрофална погрешка за позицијата на Исак при примањето на топката.

Судиите првично го признаа голот, но мораа да ја почитуваат сугестијата на ВАР собата дека имало офсајд, а ШВедска беше оштетена.

Двајцата судии во иднина нема да бидат ангажирани како арбитри на терен или во ВАР собата. Полскиот тандем сега ја чека одлуката од УЕФА, која им се подготвува, со оглед дека од Европската фудбалска федерација веќе ја признаа грешката.

Се вчитува...