Судијата Марко Сера, кој влезе во конфликт со тренерот на Рома, Жозе Мурињо на натпреварот со Кремонезе, доби суспензија и нема да ја дели правдата во следната сезона.
По мечот со Кремонезе (1:2), Мурињо побара од Сера да објасни зошто противнички играч не добил црвен картон, а судијата наводно го предупредил тренерот да внимава на неговите ср*ња. Португалецот доби црвен картон, а потоа четвртиот судија му се обратил со зборовите: Одете си дома, сите ви се смеат.
По мечот Мурињо отишол во судиската соба и побарал извинување, но не го добил. Потоа Португалецот го нарече Сера лажго и шупак: „Ти си од Торино, не сакаш да бидам на клупата против Јувентус“, зборуваше тогаш Мурињо.
Сера не е вклучен во списокот на судии за Серија А и Серија Б за сезоната 2023/24. Во образложението стои дека е суспендиран „поради технички причини“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА