Очигледно ќе излезе залудно „спектакуларниот“ потпис на Факундо Кампацо во Црвена Звезда. Евролига го казни српскиот великан поради нарушување на финансискиот фер-плеј и давањето на големи договори на кошаркарите.
Црвена Звезда со оваа нова одлука добива забрана за потпишување на играчи до 28. февруари, со што потписот за Кампацо излегува залуден. Аргентинецот до овој период минимум ќе може да игра само во АБА лигата и нема да може да им помогне на белграѓани во борбата за пласман во топ 8 во елитното натпреварување.
BREAKING: Euroleague Basketball’s Finance Panel has imposed a sanction consisting of a prohibition to register new players and coaches until February 28, 2023, and a fine of €25,000 on Crvena Zvezda for severe violations of the Financial Stability & Fair Play Regulations.
— Donatas Urbonas (@Urbodo) January 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА