Жестока критика за играта на Халанд: „На ниво е на играч од четвртата лига“

Дербито на 30. коло во Премиерлигата помеѓу Манчестер Сити и Арсенал заврши со делба на бодовите по разочарувачкото реми без голови на „Етихад“.

На оваа средба акцентот беше ставен на одбраните, а онаа на „топчиите“ беше на врвно ниво кога станува збор за Ерлинг Халанд. Норвежанецот беше неприметен на средбата па доби остри критики од страна на поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.

„Ова беше многу лош натпревар. Играта на Халанд е многу слаба. Беше на ниво на играч од четвртата лига во Англија. Под итно мора да се поправи“, изјави Кин.

Халанд оваа сезона настапи на шест натпревари против топ пет клубовите и постигна само еден гол.

Се вчитува...