Жестока лондонска битка, Челси со играч помалку до бод против Арсенал (ВИДЕО)

Челси и Арсенал одиграа нерешено 1:1 во меѓусебниот натпревар од 13. коло во Премиерлигата. Арсенал имаше предност на теренот со играч повеќе која не успеа да ја искористи, и да дојде до нова победа со која ќе се зацврстеше на првото место на табелата.

Натпреварот започна со многу дуели, а во 5. минута Мартин Зубименди го доби првиот жолт картон на натпреварот, а потоа и Марк Кукуреља доби картон. Првата добра ситуација дојде во 13. минута кога Арсенал се закани преку Сака, но Роберт Санчез одбрани со нога.

Естевао имаше сериозна прилика во 18. минута, меѓутоа испрати шут само над голот. Шанса имаше и Жоао Педро кој не успеа да реализира, а потоа и Енцо Фернандез се закани, меѓутоа тоа не беше вистинска закана за Давид Раја.

Марк Кукуреља во 33. минута направи прекршок врз Сака, и доби жолт картон, а потоа Моисес Каиседо беше исклучен во 35. минута од средбата по прегледување на ВАР снимката.

Вториот дел започна со прилика за Челси преку Педро, но одби во корнер, а од изведениот корнер Чалоба успеа со глава да го совлада Раја и да донесе предност за „сините“.

Артета веднаш во игра ги уфрли Одегард и Мадуеке, и се обиде да внесе повеќе креативност. Минута подоцна Букајо Сака нафрли со левата страна, а Мерино со глава го совлада Санчез и го израмни резултатот.

 И покрај тоа што имаше играч повеќе на теренот, Арсенал не успеа да постигне гол до крајот на мечот, и така освои само бод од ова гостување.

Се вчитува...