Во најава на големата пресметка што ќе се одржи на 1 декември во Лас Вегас, Тајсон Фјури и Дионтај Вајлдер влегоа во караница и предизвикаа вистински хаос на последната прес-конференција пред големиот боксерски спектакл.
Двајцата боксери прво си разменија навреди, а потоа беа на раб и на физичка пресметка. Фјури тргна кон Вајлдер, а тој му се закани со прстот во око. Луѓето од двата табори се обидоа да ги разделат, а потоа настана вистински хаос на сцената.
На сличен начин ситуацијата меѓу Фјури и Вајлдер ескалираше и на претходните две прес-конференции. За некои тоа е дел од сценариото пред големиот спектакл, а за други провокација како дел од тактиката да се исфрли противникот од колосек.
„Ако Фјури го исфруструра Вајлдер како што му направи на Кличко, може да го победи. Но, ако Дионтај го зафати Фјури, борбата може да заврши истиот момент. Ќе биде интересно бидејќи се работи за два различни стилови и прашање е кој стил ќе преовладува во рингот. Ниеден од нив немал таков противник досега“ – изјави поранешниот шампион Ленокс Луис.
Фјури (30) во дуелот со три години постариот Вајлдер влегува со 27 победи од исто толку мечеви, од тоа 19 со нокаут. Вајлдер го брани својот ВБЦ појас и има 40 поебди од 40 мечеви со 39 нокаути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА