Жестока пресметка на трибините на Вембли додека траеше натпреварот (ВИДЕО)

Немили сцени се случуваа на „Вембли“ на самиот старт од натпреварот меѓу Англија и Унгарија. Унгарските навивачи успеаја да влезат на стадионот а жестоката пресметка со полицијата и обезбедувањето траеше 10 минути.

За среќа стигна засилување на припадниците на јавниот ред и мир, па така ситуацијата се смири. Тепачката почна со првиот свиреж, а многумината беа фокусирани на трибините отколку на теренот. Унгарците дојдоа до водство во 23. минута, а Англија успеа да израмни.

Се вчитува...