Жестока тепачка меѓу „Делии“ и „Гробари“ пред вечното српско дерби (ВИДЕО)

Во пресрет на 178-то вечно дерби помеѓу Црвена звезда и Партизан, кое ќе се игра на стадионот „Рајко Митиќ“ од 17 часот, се случи инцидент. Според српските медиуми, навивачки групи се судриле во населбата Петлово брдо во Белград.

Во конфронтацијата биле употребени ракети и топовски истрели, а летале и разни предмети. Неофицијално, има и повредени. Полицијата дошла на местото на настанот во голем број и моментално спроведува истрага, додека се очекуваат официјални информации за евентуално приведените и степенот на повреди на учесниците во инцидентот.

Повеќе детали ќе бидат познати по извештајот на надлежните служби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Се вчитува...