Жестока тепачка меѓу навивачите на Јунајтед и Тотенхем (ВИДЕО)

Големото финале од Лигата на Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем, закажано за вечерва од 21 часот на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао, веќе доби жестока увертира, но надвор од теренот.

Во Сан Себастијан, град оддалечен на околу еден час од местото на натпреварот, дошло до сериозен конфликт меѓу навивачите на овие два англиски гиганти.

Според пишувањата на британските медиуми, се започнало кога две спротивставени групи случајно се сретнале на улиците на баскискиот град, што довело до вербална пресметка која набрзо прераснала во физичка пресметка.

Очевидци тврдат дека тепачката избила нешто пред 21.30, а се резултирало со хаос во кој летале шишиња, столици и маси.

Локалните полициски единици брзо реагираа на местото на настанот и по пријава за нарушување пристигнаа за да спречат натамошно насилство и да воспостават контрола над ситуацијата. На помош била повикана и брза помош која на самата локација им укажала медицинска помош на повредените.

За среќа, не се евидентирани посериозни повреди бидејќи според извештаите – никому не му била укажана помош во здравствените установи.

Се вчитува...