Жестоки казни за актерите на скандалот во финалето на Купот на Африкански нации

Африканската фудбалска федерација денес им изрече казни на „водачите“ на скандалозните сцени за време на финалето на Африканскиот куп на нации во Мароко.

Натпреварот за титулата се одигра на 18 јануари во Рабат, а Сенегалците победија со 1:0 по продолженијата, со голот на Папа Геј во 94-тата минута.

Како што се очекуваше, двете селекции добија строги казни.

Најлошо помина главниот тренер на Сенегал, Папе Тиао, кој беше суспендиран на пет натпревари и ќе мора да плати 83.500 евра бидејќи на крајот од регуларниот дел од натпреварот, незадоволен од одлуката на судијата да досуди пенал за Мароко, ги повлече играчите од теренот. Подоцна, Брахим Дијаз го промаши тој пенал и го отвори патот за Сенегал до историски триумф.

Фудбалската асоцијација на Сенегал ќе мора да плати казна од 525.000 евра. Сенегалските фудбалери Исмаила Сар и Илиман Ендиаж беа суспендирани на по два натпревари.

Мароканците исто така беа казнети. Капитенот Ашраф Хакими беше суспендиран на два натпревари и ќе плати 85.000 евра, додека неговиот соиграч Исмаел Саибари ќе пропушти три натпревари и ќе плати иста сума. Двајцата го спречија резервниот голман на Сенегал да му подаде крпа на првиот голман Едуар Менди за да му го избрише дождот од лицето. Мароканската фудбалска асоцијација ќе плати казна во висина од 256.000 евра. 

Заедно, актерите на финалето ќе уплатат над еден милион евра во касата на Африканската фудбалска конфедерација.

Се вчитува...