Вистински хаос и натаму владее во редовите на ПСЖ по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
По сите лоши резултати на тимот се огласи и најжестоката навивачка група на ПСЖ која побара реорганизација на клубот и заминување на Насел Ал Келаифи.
„Знаеме колку добро ни донесе, и ова не е ништо лично против него. Но, очигледно дека тој не е за оваа работа. Клубот мора да доживее тотална реорганизација на сите нивоа и константно присуство на претседателот во клубот. Ни треба лица кои ќе му служат на клубот, а не кои ќе го користат“.
Навивачите во своето соопштение ги прозваа и тренерот Маурисио Покетино и Бразилецот Нејмар…
„Составот е од скапи ѕвезди но никој нема вистински менталитет. Не се вклопуваат меѓу себе, а очигледно е дека тренерот не е тој кој ги носи одлуките. Како можеш да донесеш добро за клубот со кој славиш само голови од пенал и почесто си на „Неделата на мода“ отколку на состанок со навивачите“ – истакнуваат фановите на ПСЖ, алудирајќи на Нејмар.
А, бразилската ѕвезда се најде на удар и на францускиот новинар Даниел Риола, кој за елиминацијата во Лигата на шампионите вината ја наоѓа кај Нејмар.
„Нејмар е класичен кловн. Мора веднаш да биде отпуштен затоа што тој повеќе не е фудбалер. Место на фудбалски терен треба да се фокусира на модната писта. Во јули е Светското првенство во покер, и ќе го земам со себе затоа што единствено во тоа е добар“ – вели Риола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

