Околу две илјади навивачи на Осијек вчера пред стадионот го проследија одлучувачкиот натпревар во борбата за второто место во шампионатот на Хрватска, кој нивниот тим го загуби од Локомотива со 1-2. Поради одлуката на ХНС последното коло да се игра без присуство на публика, мораа да бидат пред стадионот.
А, по поразот поради кој Осијек остана без квалификациите за Лигата на шампионите дошло до жестоки судири со полицијата откако навивачите сакале да провалат на стадионот. Во пресметката меѓу двете страни, како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата користела и солзавец жестоко одговарајќи на напади па има и неколку повредени навивачи.
Navijači Osijeka pic.twitter.com/Ef9NykQOw7
— SportTime (@SportTi43915378) July 26, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА