Навивачите на ПСЖ и Црвена Звезда се најдоа во жестоки пресметки по синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите во Париз.
Веднаш по натпреварот пред стадионот „Паркот на принцевите“ се случила масовна пресметка меѓу двете навивачки групи во која учествувале околу 400 навивачи. Според информациите од француската полиција има и повредени навивачи, но засега не е прецизирана нивната бројка.
Од полицијата соопштија дека за да бидат раздвоени групите биле користени и водени топови и солзавец, а пред полициската реакција биле слушнати и неколку топовски удари од местото на судирите.
ПСЖ во дуелот од 2. коло од Лигата на шампионите славеше против Црвена Звезда со убедливи 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА