Португалскиот фудбалски стручњак Жорж Жесус е отпуштен од тренерската позиција во саудискиот Ал-Хилал. Тимот за кој настапуваат Митровиќ, Марез, Тони, Фирмино… беше елиминиран од азиската Лига на шампиони од Ал-Ахли, и тоа беше крај за португалскиот стручњак.
Жесус освои една титула во националното првенство, два Супер-купа и еден Куп на Кралот. Исто така се очекува да добие висока отштета за предвремен раскин на договорот.
На пет кола до крајот, Ал Хилал во првенството на Саудиска Арабија заостанува шест бодови за Ал Итихад. Инаку Жесус е кандидат за преземање на селекторската клупа на Бразил, откако „запнаа“ преговорите со Анчелоти. Сепак, Анчелоти и натаму е прв фаворит за клупата на Бразил, но ако не се договорат, тогаш Жесус би можел да го преземе кормилото.
Шпанските медиуми, пак, пишуваат дека Анчелоти добил понуда од Саудиска Арабија „тешка“ 50 милиони евра по сезона, која со бонусите би можела да достигне и до 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

