Жезус и Сака му донесоа победа на Арсенал кај Нотингем Форест (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал се врати на втората позиција на табелата во Премиер-лигата, откако го совлада Нотингем Форест со 1-2 во 22. коло.

„Топчиите“ дури во вториот дел го скршија отпорот на домашните, откако херој на Арсенал е Габриел Жезус кој постигна гол и запиша асистенција.

Жезус во 65. минута донесе предност за својата екипа, а во 72. минута асистираше кон Сака кој донесе 0-2. Нотингем преку Авонији успеа да намали и да донесе неизвесност, но избраниците на Артета се одбранија и дојдоа до победа.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...